ЕТАИ
Друштво за електроника, телекомуникации, автоматика и информатика


Македонски телеком АД Скопје и T-Mobile Македонија

ON.NET

COSMOFON

HUAWEI

CISCO

VIP operator

ALCATEL - LUCENT

ITS ISKRATEL

Microsoft

SisKon

nextsense

DUNA computers

SKOVIN winery

MIKROSAM

PEXIM

NETCETERA

Упатство за презентации

Усна презентација

  • За секој презентер се доделени вкупно десет (10) минути за неговата усна презентација и дополнителни пет (5) минути за прашања од страна на аудиториумот и одговори на поставените прашања.
  • Сите усни презентации потребно е да се подготват во Microsoft PowerPoint или Adobe PDF формат.
  • Сите простории за презентација се опремени со LCD проектор и компјутер со оперативниот систем Microsoft Window, на кој се инсталирани Microsoft Powerpoint и Adobe Acrobat Reader.
  • Потрбно е секој презентер да ја носи презентацијата на CD-ROM или USB уред за складирање на податоци.
  • Секој презентер треба да биде во салата за презентација 15 минути пред почетокот на сесијата и да ја ископира својата презентација на компјутерот.

Презентација со постер

  • Во рамките на конференцијата постојат посебни сесии за презентациите со постер. За време на овие сесии, потребно е презентерите да бидат присутни покрај нивните постери и да одговараат на поставените прашања.Точното време и локација на сесијата за постери за секој презентер со постер се поместени во конечната програма на конференцијата.
  • Димензија на постерите треба да биде максимум во димензија од А0 формат, во портрет-ориентација A0 (84 cm X 118 cm).
  • Големината на фонтот за постерите треба да се избере соодветно, така што ќе може лесно да се чита на оддалеченост од 1 - 1.5 метри.
  • Пораката што треба да се пренесе со презентацијата преку постер треба да е јасна и разбирлива дури и без усно објаснување.
  • Постерите треба да се постават на соодветна табла најмалку 15 минути пред почетокот на соодветната сесија. Авторите треба да се присутни покрај своите постери во текот на целата сесија.
  • Авторите треба да ги донесат своите постери целосно изработени и отпечатени. Трошоците кои се однесуваат на изработката на постерот ги сносат авторите.

IEEE Македонска секција

Универзитет “Св. Кирил и Методиј” - Скопје

Универзитет “Св. Климент Охридски” - Битола

Факултет за електротехника и информациски технологии - Скопје

Технички факултет – Битола

Министерство за образование и наука

Инженерска институција - Скопје